Connect with us

Регион

Српската Влада го именуваше Даниел Апостоловиќ за главен преговарач за преговорите со ЕУ

Шефот на Мисијата на Србија во Европската Унија, амбасадорот Даниел Апостоловиќ, е именуван за главен преговарач во преговорите за пристапување на таа држава кон Унијата. 

Досега, Апостоловиќ беше член на тимот за поддршка на преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ.

Должноста главен преговарач во преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ досега ја извршуваше министерот за европски интеграции  Немања Старовиќ.
Со одлука на Владата на Србија од 26 март, Старовиќ е назначен за член на тимот за поддршка на преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4