Connect with us

Регион

Девојка скокнала од петтиот кат на Филозофскиот факултет во Белград, Брнабиќ свика итен состанок на Одборот за образование

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, закажа итен состанок на Комисијата за образование, наука и технолошки развој каде тема ќе биде состојбата на државните универзитети и посебно состојбата на Филозофскиот факултет во Белград.

„На седницата ќе присуствува претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ, а поканата е испратена до надлежните министри и сите ректори на државните универзитети“, се наведува во известувањето од кабинетот на Брнабиќ.

Припадници на Управата за криминалистичка полиција денеска влегоа во зградата на Филозофскиот факултет во Белград по барањето на Вишото јавно обвинителство да соберат информации за смртта на 25-годишна девојка чие тело беше пронајдено синоќа на платото пред таа високообразовна институција.

Во соопштението на Вишото јавно обвинителство се наведува дека барањето е испратено до полицијата „поради сомневање за пропусти од страна на деканот, продеканот и продеканот за настава во врска со безбедноста на студентите и вработените на факултетот“.

За тоа кривично дело се пропишани парична казна и затворска казна до пет години.

ВЈО објави и список на прашања што ги испитува, што не е вообичаена практика во судските соопштенија.

Тело на 25-годишна жена беше пронајдено на платото пред Филозофскиот факултет во Белград синоќа, околу 22:40 часот.

Началникот на полициската станица Стари Град, Раденко Ресановиќ, изјави денеска дека според првичните информации, на петтиот кат од факултетот биле активирани и запалени пиротехнички средства, по што, како што се сомневаат, девојката скокнала од прозорец.

Заштитникот на граѓаните, Зоран Пашалиќ, покрена постапка за оценување на законитоста и правилноста на работата на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград, поради информациите дека на тој факултет на 26 март се случил трагичен настан, кога настрада 25-годишна девојка. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1