Регион
Вооружен грабеж во филијала на поштата во грчкиот град Лутраки – одземени речиси 32.000 евра
Маскирано лице, откога со чекан ја скршило стаклената врата на филијала на пошта во грчкиот град Лутраки на Пелопонез, под закана со оружје од вработените, кои во тој момент го полнеле банкоматот со пари, одзел речиси 32.000 евра – јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, грабежот се случил рано утрово, малку пред 8 часот, сторителот бил вооружен со „калашников’, а откога ги одзел парите, побегнал во непознат правец заедно со својот соучесник, кој го чекал во возило.
Во тек е истрага на полицијата за пронаоѓање и апсење на сторителите.
март 27, 2026

