Регион
ЕК: Грција меѓу лидерите во ЕУ по намалување на смртноста на патиштата
Во Грција е регистриран сериозен пад на сообраќајните несреќи со фатални последици – покажуваат најновите податоци на Европската комисија објавени во електронското издание на весникот „Етнос“.
Според извештајот на ЕК, во текот на 2025 година во Грција животот го загубиле 517 лица, што е за 22 отсто помалку во споредба со претходната година. Ова претставува најголем годишен пад и рекордно низок број на загинати во сообраќајот во последните шеесет години во земјата. На ниво на цела Европска Унија бројот на загинати е намален за 3 отсто достигнувајќи вкупно 19.400 жртви.
Грција се наоѓа на второто место по стапката на намалување, веднаш по Естонија. Сепак, земјата сè уште е над просекот на ЕУ со 50 смртни случаи на милион жители наспроти европскиот просек од 45. Грчките власти презедоа низа мерки, вклучувајќи поостри санкции, засилени контроли на патната полиција и воведување нови технологии за надзор, што придонесе за ваквиот резултат.
март 25, 2026

