Connect with us

Регион

Евростат: Значително намалени барањата за азил од албанските граѓани во земјите на ЕУ, но зголемени за легално вработување

Според Евростат барањата за азил од страна на албанските граѓани во земјите на ЕУ значително се намалиле, но заминувањата од Албанија продолжуваат со високи стапки, главно преку работни дозволи.

-Во 2025 година, многу повеќе албански граѓани заминуваат во земјите од Европската Унија за легално вработување и престој врз основа на договори за работа, отколку за да бараат меѓународна заштита. Иако барањата за азил се намалиле за околу 28 отсто во 2025 година, работните дозволи значително се зголемиле во последните години, објавија албанските медиуми.

Статистиката на Евростат покажува дека во периодот 2022–2024 година, по околу 20.000 работни дозволи годишно им биле доделени на албански граѓани во земјите од ЕУ, во споредба со само 3–4.000 годишно  во претходната деценија. 

-Ова зголемување ги одразува и потребите на пазарот на трудот во земјите домаќини, при што најголем дел од дозволите за вработување се издадени од Италија, Грција и Германија станувајќи најпосакувани дестинации за албанските работници. Со оглед на намалувањето на барањата за азил, овој тренд покажува јасен пресврт од миграција под статус на заштита кон регуларна миграција за вработување, наведуваат медиумите.

Ова зголемување ги одразува и потребите на пазарот на трудот во земјите домаќини, при што Италија, Грција и Германија издале најголем дел од дозволите за вработување, станувајќи најпосакувани дестинации за албанските работници.

Со оглед на намалувањето на барањата за азил, овој тренд покажува јасен пресврт од миграција под статус на заштита кон регуларна миграција за вработување.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3