Connect with us

Општини

СВР Куманово лани спровела 330 контроли

СВР Куманово лани спровела 330 контроли на угостителски објекти, кабареа-дискотеки, кафеани, гостилници, кафе-барови, казина и спортски обложувалници на подрачјето на Куманово, наведуваат од полицијата. Контролирани се вкупно 253 угостителски објекти, 38 казина, 37 спортски обложувалници и два гејмерски клуб.

-При извршените контроли биле констатирани 01 прекршок по член 21 од ЗППЈРМ (овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24.00 часот), а биле затекнати 11 малолетни лица во угостителски објекти после 24.00 часот. При контролите биле констатирани 1(едно) КД „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“ по член 204 од КЗ на РСМ каде било затекнато 1 (едно) малолетно дете кое консумира алкохол-соопштија од полицијата.

Контролите имаат за цел да придонесат за поголема безбедност во угостителските објекти и почитување на законските обврски. Надлежните најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, со акцент на превенција и навремено санкционирање на прекршувањата. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1