Connect with us

Регион

Претседателот на грчкиот парламент бара да не се затвори грчката програма на „Дојче веле“

Суспензија и преиспитување на одлуката за трајно прекинување на грчката програма на „Дојче веле“ бара претседателот на парламентот на Грција, Никитас Какламанис, во рамките на културната дипломатија откога минатиот месец беше соопштено дека во рамките на пошироките кратења, по намалувањето на финансирањето од државниот буџет, „Дојче веле“ целосно ќе ја укине и затвори грчката програма од 1 јануари 2027 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Какламанис нагласи дека функционирањето на програмата на грчки јазик е исклучително важно бидејќи „јазиците остануваат живи и градат врски меѓу народите, само кога не се потценуваат или не паѓаат во заборав“ и посочи дека одлуката за затворање се однесува исклучиво на грчката програма од вкупно 32 странски јазични сервиса.

Дополнително, посочи дека кога за време на хунтата радиото во Грција било под целосна контрола, странските радиостаници, како „Дојче веле“, Би-би-си, Радио Париз, биле главните извори на слободно информирање.

– Емисиите на грчката служба на „Дојче веле“ за сите нас Грците немаат значење само поради клучната улога што ја одиграа во веродостојно информирање за време на диктатурата туку и затоа што со почит ги поврзуваа двете земји Грција и Германија во целиот тек на нивните односи, од 1964 година до денес. Затоа ненадејното укинување на грчката програма на „Дојче веле“ од 1 јануари 2027 година, во рамките на пошироките кратења и реорганизацијата на медиумот, ни предизвикува длабоко жалење – рече Какламанис.

Од „Дојче веле на грчки јазик“ минатиот месец соопштија дека в година целосно ќе се укине и затвори грчката програма.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3