Connect with us

Регион

Во Косово почна спроведување на законите за странци и за возила

Во Косово почна целосната имплементација на Законот за странци и Законот за возила, со кои се воведуваат нови правила за престој на странски државјани и употреба на возила со странски регистарски таблички во земјата.

– Издадовме една казна и 40 предупредувања. Нема повеќе возење возила со странски регистарски таблички за граѓаните на Косово, на пример од Србија, со несоодветни овластувања, изјави заменик-директорот на косовската полиција за север, Ветон Ељшани за Радио Косово.

Додека директорот на правното одделение во Министерството за внатрешни работи Ќендрим Битиќи наведе дека Одделот за државјанство, азил и миграција сè уште нема информации за тоа колку лица аплицирале за дозвола за престој.

– Законот за странци регулира три начини за престој во Косово. Првиот начин е краткорочен престој што трае 90 дена во рок од 180 дена, каде што секој странец може да дојде во Косово, со или без виза, за туристички цели или за посета, но без право на работа. Вториот начин на престој е кога странецот добива дозвола за привремен престој, а еден од начините е добивање дозвола за престој со цел вработување. Третиот начин е странците кои престојувале долго време со привремена дозвола да добијат постојан престој во Република Косово, наведе Битиќи.

Тој истакна дека Законот за возила предвидува сите граѓани на Косово кои живеат надвор од нејзината територија и поседуваат возило регистрирано во странска земја имаат право да се движат низ Косово до три месеци.

Косовскиот премиер Аљбин Курти на 14 март изјави дека целиот процес на спроведување на Законот за странци и Законот за возила ќе се спроведува во тесна координација со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог, Питер Соренсен, но и во постојана координација со локалните Срби. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3