Connect with us

Регион

Полицијата на Федерацијата БиХ уапси лице кое на ТикТок се заканувало со убиства на христијани

Припадниците на Управата на полицијата на Федерацијата БиХ уапсија лице кое преку социјалната мрежа ТикТок, во пренос во живо, се заканувало дека ќе убива христијани. Осомничениот бил идентификуван од страна на припадниците на Одделението за борба против тероризам, а над него е извршена криминалистичка обработка, наведено е во денешното соопштение за јавност на полициската управа.

„Во текот на претресот на куќата на подрачјето на Зеничко-добојскиот кантон, која ја користи осомничениот, пронајдени се предмети кои ќе бидат предмет на криминалистичка обработка“, се истакнува во соопштението. Се додава дека полицијата ги продолжува активностите во соработка со Обвинителството на БиХ со цел документирање на кривичното дело и утврдување на сите релевантни околности на случајот.

Од Управата нагласија дека продолжуваат со дејствување за откривање и процесуирање на сите облици на закани, говор на омраза и екстремизам, особено оние кои се шират преку социјалните мрежи.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4