Connect with us

Хроника

Пронајдена граната од Првата светска војна во општина Дојран

Граната од Првата светска војна била пронајдена во општина Дојран.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, вчера во 18 часот во Полициското одделение – Нов Дојран, Б.А., 53-годишник од село Сретеново, општина Дојран, пријавил дека во близина на неговото дворно место, пронашол граната.

– Гранатата е подигната денеска од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, при што е утврдено дека се работи за артилериска граната калибар 100 милиметри, што потекнува од Првата светска војна, соопштија од МВР.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3