Connect with us

Општини

Трајков: Ги охрабрувам младите жени да бидат лидери

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола организираше панел-дискусија на тема „Успешни жени во општеството“, со цел да се истакне улогата и придонесот на жените во општествениот, академскиот и институционалниот живот. На настанот учествуваше заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, која во своето обраќање ја потенцираше важноста на родовата еднаквост како една од клучните европски вредности и предуслов за демократски и одржлив развој на општеството.

„Жените имаат значајна улога во сите сфери на општеството од образованието и науката, до политиката и економијата. Потребно е континуирано да се создаваат услови за еднакви можности, со што ќе се овозможи целосно искористување на потенцијалот на жените во нашата држава“, истакна Трајков.

Панел-дискусијата беше посветена на промовирање на видливоста на женското лидерство, како и на охрабрување на младите генерации активно да придонесуваат во општествениот развој.

Учесниците на настанот разменија искуства и ставови за предизвиците и можностите со кои се соочуваат жените во различни професионални области, нагласувајќи ја важноста од заеднички напори за унапредување на родовата еднаквост.

Настанот е дел од активностите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола насочени кон промовирање на еднаквите можности, лидерството и општествената вклученост на жените.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4