Свет
Кац: Војната против Иран ќе трае колку што е потребно
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека војната против Иран ќе продолжи „колку што е потребно“.
– Оваа операција ќе продолжи без никакво временско ограничување сè додека не ги постигнеме сите цели и битката не биде решена, наведе Кац на денешниот состанок со раководството на армијата во воениот штаб во Тел Авив.
Според него, Израел во соработка со САД постигнале „многу импресивни успеси во нападот и одбраната“.
– Преживеаното иранско раководство бегаше како глувци во тунелите, исто како раководството на Хамас во Појасот Газа, наведе Кац.
Тој тврди и дека досега во Иран се загинати илјадници членови на Револуционерната гарда и милицијата Басиџ.
Според Кац, иранското раководство е „група кукавици кои ги заплашуваат жените, децата и старите лица на улиците, специјализирани за масакри и убивање цивили“.
Кац посочи дека Израел ќе продолжи со нападите, а тоа треба да му овозможи на иранскиот народ да се побуни и да го собори иранскиот режим.
март 12, 2026

