Регион
Кипар станува воен центар: По Грција и европските сили, и Турција распоредува Ф-16 на островот
Турција размислува за распоредување на воени авиони Ф-16 (F-16) на Кипар со цел да ја гарантира безбедноста на самопрогласената Турска Република Северен Кипар (ТРСК) поради ширењето на конфликтот со Иран во регионот, пренесува весникот „Сајпрус мејл“ (Cyprus Mail)
Според весникот, кој пренесува извори од турското Министерство за одбрана за „Ројтерс“, четири ловци Ф-16 се очекува утре да бидат стационирани на аеродромот Ериџан. Овој потег доаѓа откако Грција веќе испрати четири авиони Ф-16 „Вајпер“ (F-16 Viper) и фрегатите „Кимон“ и „Псара“ во Пафос, по нападот со ирански дронови врз британската база Акротири претходната недела.
Иако тензиите на островот растат, Анкара не протестираше против грчкото распоредување, а најавена е и посета на делегација од грчките воздухопловни сили на Турција во рамки на мерките за градење доверба. Паралелно, НАТО потврди дека иранската балистичка ракета која неделава беше соборена над Турција, била насочена кон базата Инџирлик, а не кон Кипар, иако Техеран негира дека лансирал проектили кон турска територија.
март 8, 2026

