Регион
Прва реакција на Балуку: Како министер, никогаш не сум ја попречувала истрагата
Поранешната вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, за првпат реагираше во врска со истрагата што Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) ја спроведува против неа.
Во изјава за медиумите, Балуку вели дека против неа се спроведува јавно судење, но дека таа секогаш ќе ја поддржува правдата во својата работа.
„Верувам дека секое правно прашање не се решава на социјалните или партиските медиуми, туку мора да си го следи патот предвиден со уставот или законот. Избрав да не анализирам, да не коментирам и да бидам доследна во мојот став во врска со правдата, рече таа.
Верувам, додава, дека новиот правосуден систем ќе биде слободен и независен, како производ на визијата на Еди Рама, нагласувајќи дека „судската реформа беше спроведена за да се врати довербата на граѓаните во фер правосуден систем”.
-Обвинителите и судиите ќе ги извршуваат своите должности без да бидат под влијание на јавни судења, невистини или лаги. Никогаш не сум ја попречувала истрагата што се води со месеци, ниту во мојата позиција како министер, ниту како граѓанин на Републиката. Правдата мора да продолжи да ја открива вистината, изјави Балуку.
Ги демантираше информациите дека поседува огромен недвижен имот, меѓу тоа и 300 станови.
-Јас немам ниту 300 ниту 30 станови, ниту јахти, ниту луксузни автомобили, ниту хеликоптери. Сите овие кажувања се дел од јавно судење кое се одвива со најголема леснотија, но да бидам искрена пораснав со јавни судења и не се плашам затоа што совесно сум работела и знам како да си ја работам работата. Ја оптоварив албанската влада со товар што не го заслужува, поради резултатите што ги донесе оваа влада, рече Балуку.
Балуку, која беше разрешена вчера, Специјалниот суд за корупција во Алабнија, (GJKKO) во ноември ја суспендираше од функциите во рамки на истрага поврзана со тендерските постапки за тунелот Логара и дел од проектот за Големата обиколница во Тирана. Судот донесе и мерка забрана за напуштање на земјата.
По барањето за испитување на уставноста на оваа одлука, поднесено од премиерот Еди Рама, Уставниот суд ја врати на должноста, но во рамки на реконструкцијата на владата беше разрешена.
Судот бара одземање на нејзиниот пратенички мандат, за да почне судење, бидејќи во Албанија и доколку биде избран за министер и понатаму останува и пратеник.
март 7, 2026

