Connect with us

Сцена

Џастин Бибер скромно и интимно го прослави својот 32. роденден

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер, вчера, 1 март, го прослави својот 32. роденден, скромно и интимно, само со својата сопруга Хејли Бибер, со која седум години е во брак.

„Никој со кого би сакал да го поминам мојот роденден, освен…“, напиша пејачот во описот дополнувајќи со „смешко“ и бакнеж и две фотографии, каде што ги дува свеќите на тортата прекриена со крем и јагоди.

На втората фотографија, Хејли, ведра и насмеана, позира до својот сопруг за да го одбележат денот.

На фотографиите двојката ужива во вино и свеж чај од нане, а песната на Оливија Дин, Man I need, ја придружуваа инстаграм-приказната и фотографиите што Џастин ги сподели со своите 292 милиона следачи.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2