Сцена
Моби го објави својот нов албум „Тивка иднина“ пред големата европска турнеја
Светски познатиот американски уметник на електронска музика, Моби, го објави својот 23-ти студиски албум „Тивка иднина“ („Future Quiet“) и најави европска турнеја со 28 концерти на лето 2026 година.
Турнејата започнува по настапите на Коачела фестивалот на 10 и 17 април, а од таму, крајот на јуни Моби ќе настапува низ Европа – од Данска до Грција, од Шпанија до Грузија, и од Ирска до Бугарија. Настапите ќе се одржат на големи фестивали, историски локации и впечатливи отворени простори, меѓу кои Долен град на Калемегдан и Пулска Арена.
Веќе распродадените карти на фестивалот „На плажа“ (On The Beach) во Брајтон (26 јули), „Стар Кралски поморски колеџ“ (Old Royal Naval College) во Лондон (15 август) и „Ирски музеј на современа уметност (Irish Museum of Modern Art Kilmainham) во Даблин (21 август) го потврдуваат големото интересирање на публиката.
Албумот „Тивка иднина“ содржи 14 песни со минималистичко пијано, амбиентални звучни пејзажи и избрани вокални соработки. Според Моби албумот е „тивок“ и создавањето било негово засолниште од бучниот и хаотичен свет. Со овој албум тој го најавува големото враќање на европската сцена.
Средствата од продажбата ќе бидат донирани на европски организации за правата на животните.
февруари 24, 2026

