Connect with us

Ракомет

Репрезентативец на Србија ново име во составот на РК Вардар

Лидерот во ракометната Супер лига Вардар ја потврди соработката со репрезентативецот на Србија десното крило Вукашин Воркапиќ. Тој „црвено-црниот“ дрес ќе го носи до крајот на сезоната 2027/28.

Станува збор за искусен играч кој има 28 години и настапи за Металопластика, францускиот тим Иври, а во Вардар прави трансфер од Војводина каде настапуваше во домашната лига и куп, како и во дуелите од ЕХФ Лига Европа.

Како репрезентативец на Србија има настапи и на светски првенства, а беше дел и од составот на селекторот Раул Гонзалез и на ЕП во Данска

Маркетинг
Ad 1
Ad 4