Свет
Американски војници пристигнаа во Нигерија за да помогнат во обуката на нигериската војска
Околу 100 американски војници заедно со опрема пристигнаа во Нигерија за да помогнат во обуката на нигериските војници, соопшти денеска нигериската војска.
Пристигнувањето следува по барањето на нигериската влада упатено до американската влада за помош во обука, техничка поддршка и размена на разузнавачки податоци, се наведува во соопштението на војската.
Доаѓањето на американските војници следува по смирувањето на тензиите кои се разгореа меѓу САД и Нигерија кога американскиот претседател Доналд Трамп упати закани до Нигерија поради обвинувањата дека владата не ги штити своите „христијански граѓани“.
февруари 17, 2026

