Connect with us

Свет

Поулсен: Данска ќе обезбеди четири авиони ловци „Ф-35“ за мисијата „Арктичка стража“

Данска ќе обезбеди четири авиони ловци „Ф-35“ за мисијата на НАТО – „Арктичка стража“, најави министерот за одбрана, Тролес Лунд Поулсен.

– Нашиот придонес (со борбени авиони „Ф-35“) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северен Атлантик – наведе Поулсен.

Тој пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција наведе дека очекува и САД да придонесат во мисијата „Арктичка стража“.

НАТО пред два дена почна мисија за зајакнување на своето присуство на Арктикот како дел од напорите за ублажување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1