Свет
Египетскиот претседател Ал-Сиси го назначи Ашраф Салем Захер за нов министер за одбрана
Генерал Ашраф Салем Захер, поранешен директор на Египетската воена академија, положи заклетва пред египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси како министер за одбрана и воено производство во новата влада предводена од премиерот Мустафа Мадбули, по одобрувањето од Врховниот совет на вооружените сили, објави весникот „Ал-Ахрам“.
Египетскиот устав воспоставува посебен механизам за избор на министер за одбрана. Како врховен командант, претседателот номинира кандидат, а неговото назначување бара претходна согласност од највисокиот раководен орган на војската. Ова ја прави таа позиција различна од другите функции во кабинетот.
Промената е дел од реконструкцијата на владата по изборот на нов парламент. Новиот кабинет вчера беше одобрен од Парламентот
февруари 12, 2026

