Connect with us

Свет

Москва ќе продолжи да се придржува до ограничувањата според договорот „Нов старт“ ако и САД тоа го направат, вели Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе продолжи да се придржува до ограничувањата наметнати на нејзиниот нуклеарен арсенал и покрај неодамнешното истекување на договорот „Нов старт“ под услов и САД да го направат тоа, пренесуваат светските агенции.

– Овие ограничувања ќе бидат во сила, но само додека САД не ги надминат ограничувањата наведени во договорот. Москва ќе дејствува одговорно и промислено врз основа на анализа на американската воена политика и анализа на целокупната ситуација во стратешката сфера – рече Лавров пред пратениците во државната Дума, долниот дом на рускиот парламент

Русија и САД имаат најголеми арсенали нуклеарно оружје во светот. По истекувањето на договорот „Нов старт“ на почетокот на февруари, двете сили веќе не се обврзани со никаков договор за нуклеарно разоружување.

Сепак, Кремљ минатата недела објави дека Москва и Вашингтон се договориле да одржат одговорен пристап и да продолжат со преговорите за ова прашање.

Договорот „Нов старт“, потпишан во 2010 година меѓу Русија и САД, го ограничи бројот на распоредени стратешки ракети и нуклеарни бојни глави. Тој истече на 5 февруари откога американскиот претседател Доналд Трамп не одговори на предлогот на Москва за негово продолжување, потсетуваат агенциите.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3