Connect with us

Сцена

Хитот „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска по 18 години доби спот

Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска, конечно доби свој официјален музички спот. Видеото беше промовирано вчера на Јутјуб-каналот на „Урбан рекордс“ каде што веднаш доби многу позитивни коментари.

– Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов – Ивајо, и со Маја веднаш се сложивме. Но бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат „Опасно“, вели Елвир.

Дополнително, во реализацијата на видеото се вклучија и познати македонски инфлуенсери како Дора, Нина Ред, Октај Сејди, како и мејкап-артистот Даниел Николовски.

„Опасно“, којашто пред 18 години се создаде по музика на Јован Јованов, а текстот го напиша Елвир, и денес звучи модерно и современо, докажувајќи дека добрата музика не познава време, се вели вцо соопштението. Елвир ќе ја испее оваа песна и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, што ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни 2026. Билетите за концертот се веќе во продажба. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4