Регион
Бугарскиот заменик-омбудсман Марија Филипова подготвена за премиерската функција
Заменик-омбудсманот на Бугарија, Марија Филипова, соопшти дека ќе ја прифати функцијата преоден премиер доколку претседателката Илијана Јотова донесе таква одлука.
Филипова ова го изјави по средбата со претседателката во рамките на уставната процедура за именување преодна влада. Таа истакна дека нејзиното 15-годишно искуство како државен службеник е гаранција дека може да се справи со позицијата.
Претходно, омбудсманот Велислава Делчева изјави дека на оваа институција не ѝ е местото во извршната власт, на што Филипова одговори дека нејзините сегашни задачи се технички и не се поврзани со претставување на институцијата.
Согласно бугарскиот Устав, претседателот избира преоден премиер од тесен круг функционери, меѓу кои се претседателот на Собранието, гувернерот на Народната банка и омбудсманот или нивните заменици.
јануари 29, 2026

