Connect with us

Регион

Албанскиот парламент ги усвои измените во Кривичниот законик со кој се дава поголема безбедност за новинарите

Албанскиот парламент, со 85 гласови „за“ и 10 против утрово одобри пакет измени на Кривичниот законик, со кои се дава поголема безбедност за новинарите со декриминализација на клевета од нивна страна, како и казни од две до пет години затвор за закана или напад врз нив.

Измените на Кривичниот законик предвидуваат и построги казни за нелегална градба и предизвикување намерно пожар.

По одобрувањето на законскиот пакет, албанскиот министер за правда, Бесфорт Ламалари, напиша на социјалните мрежи дека оваа одлука е важен чекор кон зајакнување на владеењето на правото и исполнување на обврските на Албанија во процесот на европска интеграција.

Ламалари рече дека следниот „голем предизвик“ е нацртот на нов Кривичен законик, додавајќи дека неговата подготовка е во тек. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3