Connect with us

Регион

Албанија годинава почнува со производство на воена опрема и муниција

Министер за одбрана Пиро Венгу најави дека Албанија годинава ќе започне со производство на муниција, воена опрема, дронови и системи против дронови, возила за итни случаи и воени униформи. 

За време на презентацијата на новиот законски пакет за увоз, извоз и транзит на огнено оружје, Венгу изјави дека се потпишани 6 договори за создавање на 6 заеднички јавно-приватни компании преку државната компанија KAYO. 

-Парламентарната комисијата за Европа и надворешни работи го разгледа предлог-законот „За увоз, извоз и транзит на огнено оружје, негови главни компоненти и муниција“, каде што фокусот беше ставен и на развојот на домашната одбранбена индустрија. За време на својот говор, министерот за одбрана Пиро Венгу објави дека во моментов се потпишани шест договори за создавање шест заеднички државно-приватни компании, преку државната компанија KAYO и шест приватни оператори, објавија медиумите.

Тој нагласи дека Министерството за одбрана, во соработка со Агенцијата за одбранбена индустрија, влезе во нова фаза, која има за цел да гарантира одржлив синџир на снабдување за сите нуспроизводи од военото производство.

-Ова е неопходно за целосно усогласување со стандардите на НАТО и со безбедносните и одбранбените политики на нашата земја.  Буџетот за одбрана за оваа година, е околу 58 милијарди леки (592 милиони евра)  а ќе се искористи за оживување на одбранбената индустрија,  нагласил министерот.

Според него Владата го смета развојот на домашната одбранбена индустрија за стратешки чекор кон зајакнување на националните капацитети, зголемување на производствената независност и вклучување на Албанија во современите синџири на безбедносната индустрија.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4