Connect with us

Забава

„Обесхрабрувачки и застрашувачки“: Првата AI манекенка во Vogue предизвика лавина критики

Во најновото печатено издание на престижното модно списание Vogue, се појави реклама на модната куќа Guess со манекенка што изгледа беспрекорно – висока, витка, русокоса, совршено стилизирана. Но, она што многумина не го забележале веднаш е мал натпис во аголот на фотографијата:
„Моделот не е вистинска личност – креирана е со помош на вештачка интелигенција“.

Оваа реклама предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, а многу модни експерти, активисти и вистински модели предупредија дека се работи за опасен чекор наназад за модната индустрија.

Совршена – затоа што не постои

Рекламата за летната колекција на Guess ја потпишува фирмата Seraphinne Vallora, основана од Валентина Гонзалез и Андреа Петреску, кои велат дека биле контактирани преку Instagram од Guess со идеја да користат AI модели во кампањата.

Од десет модели генерирани со вештачка интелигенција, Guess избрал две жени – една русокоса и една бринета – кои потоа биле понатаму развиени како „лице на кампањата“.

„Луѓето мислат дека ова е едноставно, а всушност се работи за комплексен процес што може да трае и до еден месец“, велат од компанијата. Според BBC, цените за вакви услуги достигнуваат и шестцифрени суми.

Иако моделот со вештачка интелигенција не се појавува во редакцискиот дел на Vogue, туку само во реклама, многумина се вознемирени од фактот што воопшто е вклучен во списанието.

Реакции на реални модели: „Ова е удар за сите нас“

Познатата британска plus-size манекенка Фелисити Хејвард изјави дека користењето AI модел во модна кампања е „мрзлив и евтин потег“.

„Или сакаат бесплатна реклама преку контроверзија, или едноставно штедат. Во двата случаи не размислуваат за последиците“, рече таа. Посебно ја погоди фактот што токму Vogue – кој често се фали со инклузивност – објавил ваква реклама.

„Ова е обесхрабрувачки, па дури и малку застрашувачки“, додаде таа. „Ова е уште еден удар за сите нас кои со години работиме на разновидноста во модната индустрија.“

Во последниве години, модната сцена почна полека да прифаќа различни типови тела, боја на кожа, родови идентитети и стилови. Но, според Хејвард, AI моделите се чекор назад во тој напредок.

Одговор од компанијата: „Не промовираме нереална убавина“

Од Seraphinne Vallora велат дека не сакале да создадат идеализирана убавина, туку реалистичен модел.

„Сите реклами се стремат кон совршенство. Ние не сме ништо поразлични“, изјави Петреску.