Connect with us

Свет

Фон дер Лајен: Сега Русија мора да покаже дали е заинтересирана за мир

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека од Русија зависи дали е заинтересирана за мир, откако Киев и неговите сојузници усвоија мировен план и безбедносни гаранции што ќе стапат на сила по прекинот на огнот.

Во разговор со новинарите, таа прецизираше дека мировниот план е предлог од 20 точки што украинскиот претседател Володимир Зеленски го разгледал со американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на минатата година.

Таа додаде дека, покрај планот, постојат значајни безбедносни гаранции за Киев од САД и Европа.

„Сега Русија мора да покаже дека е заинтересирана за мир“, рече Фон дер Лајен.

Според неа, безбедносните гаранции прво ќе се потпираат на украинските вооружени сили, за кои таа рече дека се добро обучени и искусни во борба.

„Задачата на Европејците би била да се осигурат дека и украинската армија е добро опремена“, рече шефицата на европската надворешна политика.

Како што изјави таа, втората линија на одбрана би била таканаречената „Коалиција на подготвените“, која ја сочинуваат 35 земји, вклучувајќи ги повеќето земји од ЕУ, како и Канада, Обединетото Кралство, Австралија, Нов Зеланд и Турција.

„Многу е добро што Американците се вклучени тука, особено во верификацијата и мониторингот, но и во резервната линија на одбрана“, рече фон дер Лајен.

Таа истакна дека ЕУ работи на планови за обезбедување економски просперитет на Украина по прекинот на огнот, со идеи што ќе бидат изнесени во претстојниот „Документ за просперитет“.

Додаде дека документот ќе утврди мерки на краток рок и во текот на следната деценија за зајакнување на економијата на Украина и поддршка на нејзиното закрепнување.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1