Connect with us

Сервисни информации

Поплавени дворови и куќи во Струшко, нема опасност од излевање на Црн Дрим

Поплавени дворови и куќи кај Мислешевски пат и во струшкото село Калишта предизвикале обилните дождови, а големо количество вода имало и во Струшко поле, потврдија за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според нив, известени се службите на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Струга за испумпување на поплавените дворови.

– Големо е количеството вода во Струшко поле, но регулиран е истекот на реката Црн Дрим со цел да може да повлече поголемо количество вода од каналите во речното корито и да не дојде до нивно излевање, посочија од РЦУК, нагласувајќи дека засега не постои опасност од излевање на Црн Дрим.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2