Connect with us

Свет

Четири години затвор за поранешниот романски министер за финансии Даниел Кицоју

Поранешниот министер за финансии на Романија, Даниел Кицоју, денеска е правосилно осуден на четири години затвор поради предизвикување сообраќајна несреќа со две жртви во 2019 година.

Апелацискиот суд во Питешт ја донесе конечната одлука, утврдувајќи дека Кицоју возел во спротивна насока и директно се судрил со автомобил во кој биле 82-годишен маж и неговата 73-годишна сопруга. Двајцата сопружници го загубиле животот во несреќата. Според судски извори, во моментот на судирот министерот зборувал на мобилен телефон.

Првобитната условна казна од три години беше преиначена во ефективен затвор по жалба на обвинителството и семејствата на жртвите. Судот одреди и отштета за морална штета од 400.000 леи (околу 78.600 евра) за секое оштетено лице, како и забрана за управување возило во траење од пет години.

Кицоју беше министер за финансии во периодот меѓу 2012 и 2017 година, а извршуваше и високи функции во даночната администрација на Романија. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 2