Регион
Марко Ѓуриќ: Стариот меѓународен поредок се урива, мора тоа да го разбереме за да не плати Србија висока цена
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска изјави дека државата внимателно ги следи настаните во Венецуела, но нема капацитет да решава конфликти од тој обем и дека може да си наштети ако, како што тврди, предвреме изнесе одредени ставови.
„Најмудрата позиција за Србија во овој момент е целосно да разбере што се случува во светот, а се случува … создавање нов поредок во пракса, и нови правила ќе се воспостават само кога ќе се воспостави нова рамнотежа. Мора да бидеме свесни за ова за да не платиме висока цена“, изјави Ѓуриќ за телевизијата „Прва“.
Тој додаде дека Србија може „да си наштети ако брзаме со некои позиции (за големите светски конфликти)“, како и дека активно работи на зачувување на стабилноста во меѓународните односи.
„За нас е императив да не мавтаме со сабји и празни пушки, туку да го зачуваме мирот, а ние најдобро ќе го зачуваме така што ќе се погрижиме нашата армија да биде способна да го одврати секој потенцијален агресор. Луѓето не треба да се грижат бидејќи сме далеку пред регионот во однос на безбедноста“, рече Ѓуриќ.
Тој се осврна и на односите меѓу Србија и САД за кои рече дека претставуваат „долгорочен српски национален интерес“.
јануари 9, 2026

