Регион
Патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром во Атина во 2025 година зголемен за 6,7 отсто
За 6,7 отсто се зголемил патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина во 2025 година, додека пак бројот на летови бележи пораст од 5,7 проценти, јави дописничката на МИА од Атина.
Според статистичките податоци од аеродромот, минатата година бројот на патници достигнал 33,99 милиони, од кои 24,3 милиони се однесуваат на патнички сообраќај од странство.
И домашниот и меѓународниот сообраќај на најголемиот грчки аеродром бележат зголемување, надминувајќи ги нивоата од 2024 година за 5,5, односно 9,6 отсто.
Најголем број посетители имало во август, 3.883.627 патници, а најмалку во февруари со 1.751.939 патници.
Во периодот од мај до октомври, патничкиот сообраќај е со над три милиони патници месечно.
Што се однесува на бројот на летови, нивниот број изнесува 283.589, што претставува зголемување од 5,7 отсто во споредба со истиот период во 2024 година.
Кај домашните летови имало зголемување од 1,3 отсто, а кај меѓународните за 8,7 проценти.
јануари 9, 2026


