Општини
Се реконструира мултифунционалното игралиште во струмичката гимназија
Во тек е реконструкција на мултифункционалното игралиште во рамки на Гимназијата „Јане Сандански“, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.
-Просторот располага со фудбалско игралиште и кошаркарско игралиште со современа полипропиленска подлога. Просторот е наменет пред сè за учениците од училиштето, но и за локалните спортски клубови и за граѓаните на Општина Струмица, напиша Јанков.
Реконтрукцијата е финансирана од Министерството за спорт со поддршка од Општина Струмица.
јануари 3, 2026

