Connect with us

Општини

Градоначалникот Ќура го посети првото новороденче во струшката болница

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска го посети првото родено бебе во Новата година во струшката болница.

На мајката Милица и новороденчето им упати честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом.

– Надја се роди со тежина од 4.210 грама и е во одлична здравствена состојба, заедно со нејзината мајка Милица, за која ова е трето дете. Овој радосен настан носи посебна симболика – нов почеток, надеж и радост за целото семејство, но и за нашата заедница, истакна Ќура.

Тој упати благодарност до директорот на Болницата, Владимир Бунчески и целиот медицински персонал на Гинеколошко-акушерското одделение, за професионалноста и посветеноста.

– Вашата работа значи сигурност, доверба и нови животи во нашиот град, нагласи Ќура.

Бебето и мајката беа дарувани со пригодни подароци од Општина Струга.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5