Connect with us

Општини

Женско е првото новороденче во Струшката болница

Женско е првото новороденче во Новата година во Општата болница во Струга, информира денеска за МИА директорот на Болницата Владимир Бунчески.

Бебето на свет дошло утрово во 7 часот и 20 минути. 

– Првото родено бебе на Гинеколошкото одделение во Болницата во Струга на свет дојде утрово. Тешко е 4.200 грама, информира Бунчески.

Породувањето било спонтано, а мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

За мајката, која е од струшкото село Мислешево, тоа е нејзина трета рожба.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4