Connect with us

Општини

Во штипската Клиничка болница првото новороденче е женско, Петра е и прва рожба на родителите

Првото бебе родено во 2026 година во Клиничка болница-Штип е женско. Петра е првата рожба на 40 годишната Марија Јанкова-Петрова од Штип. Во Клиничка болница (КБ)-Штип денеска ги посети градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на КБ-Штип, Владко Захариев кои врачија подароци на првото новороденче.

-Добро се чувствуваме, задоволна сум од целиот персонал во Клиничка болница-Штип. Петра ни е првата рожба во семејството, вели Јанкова-Петрова.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посака Новата 2026 година да донесе многу зндравје, бериќет, развој и напредок на жителите на град Штип.

-Оваа прилика ја користам да честитам и на Клиничка болница-Штип и на акушерско одделение, затоа што во 2025 година согалсно податоците има зголемен број на новородени дечиња во 2025 година и еве на првиот ден од Новата година ја посетивме малата Петра, еден симболичен гест којшто се надевам дека ќе придонесе за уште многу новородени дечиња, а со тоа да се развива и  зголемува бројот на жители во нашиот град и држава, вели Јорданов.

Началничката на Одделението за гинекилогија и акушерство, Станче Велкова вели дека малата Петра е родена точно на полноќ.

-Првото новородено дете е женско, тешко три килограми и 550 грама и е 50 сантиметри долго, вели Велкова.

Таа додаде дека 2025 година ја завршиле со 62 новородени повеќе од 2024 година, или на акушерско во Штип се родиле 477 бебиња во 2025 година.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека новогодишната ноќ за дежурните екипи во болницата поминала работно или какошто рече повеќе од очекуваното.

-Имаше случаи на интерно со лесна интоксикација, физички напади имаше повеќе од очекуваното и трауми, односно повреди од алкохолизирана состојба . Сообраќјни незгоди немаше, а сите пациенти се вонживотна опасност, вели Захариев.

Градоначалникот на Општина Штип ја посети и приватна болница „ д-р Органџиски“, каде што првото новородено дете е машко. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4