Connect with us

Општини

Мирна ноќ без интервенции во битолската Клиничка болница

Мирна ноќ и без интервенции во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, изјави д-р Ненси Лозанче, директорка на  здравствената установа.

Во одделението за ургентна медицина не се евидентирани итни случаеви за итна помош, потврдија од битолската Клиничка болница.

-Во текот на ноќта, во ЈЗУ Клиничка болница-Битола немаше акутни состојби, немаше интервенции за пијанства, премногу конзумиран алкохол и слично, како што имало во претходни години, а тоа значи имавме релативно мирна ноќ во болницата, истакна д-р Лозанче, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1