Општини
Женско првото бебе годинава во Кавадарци
Женско е првото бебе родено во 2026 година во кавадаречката Општа болница со проширена дејност.
Директорката на јавната здравствена установа, Гордана Ѓорчева – Камчева, за МИА информираше дека бебето е родено спонтано, 28 минути по полноќ.
Бебето е родено со тежина од 2.550 грама и 51 сантиметар должина. Мајката Ивона е од Кавадарци, родена во 1997 година.
јануари 2, 2026


