Connect with us

Општини

Јавна трибина и електронска анкета за спомен-обележје во Стар парк во Кочани

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе иницијатива до Општина Кочани за определување локација за спомен-обележје, а Советот на Општина Кочани побара Општината да организира јавна трибина на која граѓаните, а посебно жителите во околината на локацијата Стар парк во Кочани, ќе го дадат своето мислење по однос на граѓанската иницијатива, информираат од локалната самоуправа.

За таа цел Општина Кочани, на 12 јануари 2026 година, во 17 чаот, во големата сала на Мултикултурниот центар организира јавна трибина, на која граѓаните ќе можат да се произнесат во врска со поднесената граѓанска иницијатива за определување локација за спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“, се вели во информацијата.

Исто така, во периодот од 2 до 11 јануари 2026 година, граѓаните ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови преку електронска анкета со дигиталната алатка мЗаедница.

Собраните мислења и предлози со непосредно учество на граѓаните, Советот на Општина Кочани ќе ги земе предвид при одлучување во врска со поднесеното барање односно иницијатива од Здружението „16 март 2025 – Кочани“, наведено е во соопштението. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3