Connect with us

Регион

Инспекции на периферијата Атика – расипано месо, несоодветни услови и запленети 12 тони небезбедна храна

Расипано месо од разни видови и валкани простори со несоодветни услови, откриле контролите и инспекциите на периферијата Атика, при што биле запленети 12 тони небезбедна храна, констатирани 628 прекршоци и изречени казни во висина од 324.400 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од периферијата соопштија дека во периодот од 1 до 29 декември инспекциските тимови извршиле 4.585 пазарни и санитарни контроли и бил опфатен широк спектар на дејности што се во надлежност на периферијата, како што се компании за дистрибуција на месо, овошје и зеленчук и други категории храна, супермаркети, пазари, продавници за млечни производи, живинарски фарми, продавници за играчки, бензински пумпи, угостителски објекти итн.

Вкупно биле запленети 12 тони расипано месо и месни производи, како и храна од растително потекло, при што била спроведена предвидената постапка за изрекување казни.

Префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина Никос Хардаљас нагласи дека нема да дозволат „опасни игри – ниту со здравјето, ниту со џебот на граѓаните“, а за време на празниците инспекторите се постојано на терен, „внимателно следејќи ја дистрибуцијата на производите и почитувањето на сите законски прописи“. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 3