Connect with us

Вести

МП: Предлог-законот за помилување е подготвен и објавен на ЕНЕР

Предлог-законот за помилување е подготвен и објавен на ЕНЕР, информираат од Министерството за правда.

Целта на новиот закон за помилување, како што посочуваат оттаму, е надминување на слабостите во примената на постојниот закон и воспоставување јасна, прецизна и транспарентна постапка. Со законот се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени да поднесат молба, како и постапката и надлежностите на институциите.

-По широка стручна дискусија, Работната група зазеде став дека Претседателот може да помилува исклучиво од изречена казна, а не и од кривично гонење (аболиција). Законот предвидува кратки и јасни рокови за постапување на сите институции вклучени во процесот. Министерството за правда доставува извештај до Претседателот без да дава конкретен предлог за помилување, стои во објавата не Фејсбук на Министерството за правда.

За Предлог-законот, како што посочуваат од Министерството, биле одржани повеќе јавни расправи, а значителен дел од добиените сугестии се вградени во финалниот текст.

-Сите заинтересирани ќе можат да го разгледаат Предлог-законот, да достават коментари и сугестии и активно да дадат свој придонес, велат од Министерството. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2