Општини
Здружението „Бадникови поворки“ почна со емитување на божикниот серијал „Најубавиот подарок за Божик“
Здружението „Бадникови поворки“ започна со емитување на божикниот серијал „Најубавиот подарок за Божик“ – кратка видео-серија од четири епизоди, создадена со љубов за децата, но и за сите оние кои сакаат да се потсетат на вистинската смисла на Божик, се наведува во соопштението од Здружението.
Серијалот е реализиран од Ра-Ли продукција за Бадникови поворки, во режија на Владо Дојчиноски, со учество на деца кои со својата искреност и чистота носат силна порака што допира до секое срце.
Во четири кратки, но длабоко содржински епизоди, во траење од 5 до 7 минути, се раскажува приказната за Рождеството Христово – приказна што не се гледа само со очи, туку се чувствува со срцето.
ЕПИЗОДА 1 – ВИТЛЕЕМСКАТА ПЕШТЕРА
Првата епизода нè враќа таму каде што сè започнува – во Витлеемската пештера.
Приказна за тивката ноќ, за смирението и чудото што го менува светот.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
ЕПИЗОДА 2 – ВИТЛЕЕМСКАТА ЅВЕЗДА
Втората епизода нè води по светлината што го покажува патот.
Приказна за надежта, за верата и за светлината што нè води дури и во најтемните ноќи.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
ЕПИЗОДА 3 – ТРОЈЦАТА МУДРЕЦИ
Третата епизода зборува за мудроста, дарувањето и љубовта.
Приказна што нè потсетува дека највредните подароци не се материјални, туку доаѓаат од срцето.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
ЕПИЗОДА 4 – БОЖИКЕН ПОДАРОК
Завршната епизода ја заокружува приказната и нè води кон суштината – Божикниот подарок што не се купува, туку се живее.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
Преку детската перспектива се потсетуваме на љубовта, радоста и заедништвото како највисоки вредности.
Серијалот „Најубавиот подарок за Божик“ претставува вовед во големата радост што нè очекува на 6 јануари 2026 година, кога во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора, со свечени Бадникови поворки ќе се најави Христовото Рождество.
Овој серијал е повик да застанеме, да се поврземе, да почувствуваме и пренесеме понатаму – од срце до срце.
декември 30, 2025


