Connect with us

Општини

Општина Кочани со мерки за подобрување на сообраќајот по измената на режимот во центарот

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов организираше работен состанок со претставници на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ТППЕ- Кочани, автошколи, транспортни и такси-компании, на кој беше анализирана моменталната состојба на сообраќајот во центарот на Кочани, по измената на сообраќајниот режим.

Сите претставници дадоа свои видувања, размислувања и предлози со кои може да се подобри протокот на сообраќајот во централното градско подрачје.

Една од најитните мерки што треба да се преземе е службите на МВР, ТППЕ и општинските комунални редари да го регулираат сообраќајот во најфреквентните временски периоди. Наредниве денови ќе се реализираат градежни активности на коловозите опфатени со измената на сообраќајниот режим, ќе се собираат и анализираат статистички податоци за бројот на возилата во централно градско подрачје, како и причините и можните решенија за тесните сообраќајни грла. Сите изнесени предлози, препораки и барања од граѓаните ќе бидат земени предвид, велат од локалната самоуправа.

Од состанокот произлегоа неколку апели: да се почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи, возилата да не се паркираат на кружни текови, автобуски постојки и на паркинг-места за инвалиди. За да се олесни работата на КЈП „Водовод“, да не се паркираат возила пред контејнерите.

Со поголема претпазливост и  со почитување на сообраќајните правила ќе се овозможи подобар проток на сообраќајот во централното подрачје на Кочани во претстојните празнични денови.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5