Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Реакцијата на СДС преполна со навреди и квалификации е потврда на тоа дека Заев гради 42катница во Дубаи, а Венко му асистира

ВМРО-ДПМНЕ смета, исто како и народот, дека СДС е во тешка ситуација, а лицата кои ја управуваат, одобруваат и пишуваат соопштенија се со сериозни и длабоки психолошки предизвици за кои треба посветен и аналитичен пристап. Нивните реакции треба да се гледаат низ призма на длабока идентитетска и психолошка криза низ која поминуваат. Овој посттрауматски стрес синдром на таа партија, обвиен со симптоматологија на опсесивна компулсивност, патолошка клептоманија и постојана потреба да се објаснуваат и да навредуваат, освен за СДС, е проблем и за државата.

Разбираме дека во секој другар на Заев седи по еден мал Фрчко (криминоген, но доволно безобразен и жолчен за да може да го има вниманието од Заев за да го брани кога ќе му притреба), па макар тој да се вика и Башановиќ, со развиен павлов рефлекс во моментите кога се дознава како има директни сведоштва за тоа како Заев гради 40катница во Дубаи, но Венко треба да знае дека неговата сопствена партија со ваквите реакции го дозакопува во сопственото блато.

Партијата која ја плаќаат и контролираат разни Вицевци, Зоќевци и Венковци е претворена во бот-партија која слепо штити лични интереси на поединци, нема идеологија и е залутана во просторот и времето. СДС практично се однесува како балон полн со хелиум во ураган, што е трагедија сама по себе.

Целта на реакцијата на СДС преполна со навреди и квалификации е само потврда на тоа дека Валентин Манасиевски погоди во целта, директно сведоштво како Зоран Заев гради во Дубаи, 40 катница, а во тоа му асистира Венко Филипче.

Тие во својата реакција ставија доволно количина омраза и уличен речник за да не се зборува тоа како Заев од Струмица гради со украдени пари во Дубаи. Нема ниту демант, што значи дека сведоштвата за тоа се вистина.

Сега треба да одговори Зоран Заев лично, што и како гради во Дубаи, и од каде му се парите за тоа? Како од продавање на бостан на пазар во Горни Милановац, се стига до градење на облакодери во Дубаи, и каква е врската на Венко Филипче во сето ова?

Дали ова ќе го испитува антикорупцискиот тим на Заев или после оваа афера „облакодери на Заев во Дубаи”, прегоре тимот.

Во наредните денови ќе се размота клопчето и правда мора да има.

Им посакуваме брзо опоравување, концентрација, да се оттргнат од канџите на бандитите и криминалците во свои редови и да помогнат со тоа што ќе се нормална, критичка опозиција која ќе настапува со аргументи, идеи и логични тези за доброто на државата. Партија која ќе се покае за злосторствата против сопствениот народ и ќе бара тие од нивните редови кои го изневерија и ограбaa народот, да бидат гонети и санкционирани, за да се формира систем на ред и држава која е правна и напредна.

Што се однесува до паралелите со соседна Србија, нема да се мешаме во аранжманот на Венко со српските контрактори. Тоа е нивна интерна работа, само Венко треба самиот и пред партијата да расчисти, СДС каде е опозиција, во Македонија или во Србија?

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4