Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации. Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори.

Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија.

Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат, или сам дал дозвола да го носат кон дното не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3