Connect with us

Вести

Одржан четвртиот јавен состанок на АВМУ за 2025 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа последниот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, активностите поврзани со Повторените избори за градоначалници на општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Врапчиште во 2026 година, спроведените програмски и административни надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми.

На настанот меѓудругото беа споменати и изречените мерки јавна опомена за оние субјекти кои го прекршиле Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и активностите поврзани со меѓународната и европска соработка.

Презентацијата за реализираните активности на АВМУ согласно Годишната програма за работа за периодот октомври – декември 2025 е достапна на линкот.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5