Вести
(Видео) Николоски: Рехабилитацијата на превојот Пресека ќе ја подигне безбедноста во сообраќајот
Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од рехабилитацијата на превојот Пресека, проект преку кој ќе се подигне безбедноста во сообраќајот на овој патен правец.
” Интензивно работиме на целосна реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри. Превојот Пресека претставува главна артерија за спојување на Кичево со Охрид и Струга, но и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, побезбедно и побрзо патување е нашата цел.
Се работи за проект за рехабилитација на 11 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга” – напиша вицепремиерот Николоски.
декември 23, 2025


