Connect with us

Вести

Николоски на одбележување на Денот на настава на турски јазик: Наставата на мајчин јазик е најголема цивилизациска придобивка

Заеднички да го градиме партнерството помеѓу македонскиот и турскиот народ и да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на свеченоста што се одржа попладнево во Скопје по повод  Денот на настава на турски јазик – 21 Декември и 20. годишнината од отворањето на Канцеларијата на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје. 

– Наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што може да ја има еден народ и горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница. Ова е нешто што треба заднички да го градиме и надградуваме затоа што е наша заедничка држава, нашите јазици заеднички коегзистиарат не со децени туку со векови и тоа е цивилизациска придобивка шо треба да ја негуваме, рече Николоски. 

За македонскиот народ, истакна,  нема поблизок од турскиот народ, за Македонија нема поблиска држава од Република Туркије. – И затоа треба да работиме заеднички на уште подобри услови за изучување на турскиот јазик но и за настава на мајчин турски јазик, рече Николоски. 

Централната церемонија по повод 21 декември Ден на настава на турски јазик се одржа во СЦ „Борис Трајковски“, во организација на ТИКА, а претходно беше организиран и свечен прием. 

Вчера беа одржани церемонии за предавање на два проекта реализирани од Турската агенција за соработка и координација – Отворање на целосно реновираниот и опремен со средства обезбедени преку ТИКА на Здравствен дом Пласница и отворање на лабораториите и церемонија за донација на возила на Јавната установа Хидробиолошки институт на Република Северна Македонија во Охрид.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2