Хроника
Тешко повредено едно лице во сообраќајка близу Росоман
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди при сообраќајка близу Росоман, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во 17:45 часот, на магистралниот пат Прилеп-Градско во близина на Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С., на возраст од 32 години од село Манастирец, општина Росоман и трактор „имт“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка, управуван од А.Ѓ.(47) од Росоман, соопштија од СВР – Велес.
Како што појаснија, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.С., а со телесни повреди се здобил А.Ѓ., констатирани во Општа болница – Кавадарци.
-Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци. Во периодот од 19 до 20:25 часот, сообраќајот на делницата од магистралниот пат Прилеп-Градско беше во прекин и беше пренасочен по локален пат за село Манастирец, општина Росоман, додадоа од СВР – Велес.
декември 18, 2025


