Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не го злоупотребува случајот со новороденчето за дневнополитички поени

СДС да престанат да се однесуваат како хиени и чим дознаат за нечија смрт, да им се јавува павловиот рефлекс, и да се радуваат над нечија тажна судбина како што е случајот со новороденчето на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство.

Она што е јасно како бел ден е дека сите неопходни протоколи се преземени и сите надлежни институции се известени. 

И доколку се утврди било каква човечка грешка истите ќе бидат отстранети и ќе има одговорност за причинителите за несреќата. Ниту ќе биде сокриен некој, ниту овој случај ќе биде заташкан како многу претходно кога Филипче беше министер за здравство.  

Тоа е важната разлика помеѓу оваа и претходната влада. Не е во ничиј интерес да се сокрие било што. Наместо сочувство до семејството, СДС прави политика од смртта на новороденчето. Тоа е за секаква осуда.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2