Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со намера да ги спаси Заев и Венко од одговорност, лута во сопствената безидејност

Бидејќи лутаат и се целосно обвиени во сопствената безидејност, со единствена намера да ги спасат Заев и Венко, ќе им дадеме конкретен предлог и задача на луѓето од СДС.

Првата е да ја преименуваат сопствената платформа во Венко, а може да се вика и Тенко, затоа што таков им е рејтингот и довербата од граѓаните.

Втората е ако веќе толку сакаат криминал, тогаш првите случаи со кои ќе се позанимаваат е оној со Модуларната болница од Тетово каде изгореа 14 луѓе, во време кога Венко Тенко беше министер, а истите ги градеше неговиот колега од владата Кочо Анѓушев. Нека се позанимаваат со Енис Колашинац и врската со Вице Заев при набавката на јагленот, како и префрлањето на пари и провизии на фирма во Бугарија.

Може да се позанимаваат и со тендерите во Министерството за здравство, каде редовно паѓаа на омилените фирми на Венко Филипче.

Третата задача, бидејќи Венко е единствен функционер во СДС и единствен со златна виза од друга држава, резервна татковина за бегство, добро е да објасни на јавноста за потешкотиите при составувањето на органите на партијата. Зошто никој не му се пријавува на позиција и каде се ги однесе списоците за да му ги одобрат предлозите за горење на нови луѓе во политиката. Дали Заев ги одобри истите?

Овие три задачи се добра основа да се потврди главната работа дека СДС е во заложништво поради желбата за спас на кариерите на Заев и Филипче! 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1